Онлајн дискусија за психолошка поддршка на лицата кои употребуваат дроги

На 16 јуни (вторник), вo 19 часот на Фејсбук страната на ХОПС ќе се одржи онлајн дискусија за потребата од психолошка поддршка на лицата кои употребуваат дроги во време на КОВИД -19, но и за тоа како да се сочува менталното здравје и ублажи товарот од изолацијата во време на пандемија.

„Што значи исклученоста од нормалните општествени текови и социјализација за сите, а посебно за лицата кои употребуваат дроги и за членовите на нивните семејства, родители, деца, партнери, браќа и сестри, па и за сите луѓе кои сакаат да дознаат нешто повеќе за оваа тема. Ова затворање акумулира стрес, анксиозност, чувство на беспомошност. Доклку сте лице кои употребува дроги или пак родител, овој онлајн разговор е за вас“, порачуваат од ХОПС.

Во дискусијата ќе зборува психологот Деспина Стојановска, а искуствата од терен ќе ги сподели Богдан Колев. Модератор на настанот ќе биде Влатко Деков.

Детали ТУКА.