Онлајн дискусија за проблемите и предизвиците со научната дејност во С. Македонија

По повод Светскиот ден на науката, 10-ти Ноември, Универзитетското Студентско Собрание на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (УСС-УКИМ) утре (11-ти ноември) од 10 часот организира онлајн панел дискусија за развојот на научната дејност во Република Северна Македонија.

На оваа панел дискусија, говорниците ќе дадат свое видување на актуелната состојба на научно-истражувачката дејност во државата, проблемите, предизвиците и политиките за нејзин развој кои треба да се преземат во иднина.

Во дискусијата ќе учествуваат Ангела Најдоска, потпретседателка за наука при УСС-УКИМ; Мила Царовска, Министерка за образование и наука; проф. д-р Кирил Сотировски, Декан на Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ и претставник на УКИМ на оваа диксусија. Дискусијата ќе ја модерира Борјан Ефтимов, претседател на УСС-УКИМ.

Поради состојбата со COVID-19 панел дискусијата ќе се одржи преку „ZOOM“ платформата. Настанот ќе може да се следи преку следниов линк: https://us02web.zoom.us/j/82167046795

“Оваа панел дискусија има за цел да се увидат состојбата, местото и иднината на научната дејност во Република Северна Македонија. Истовремено како една од заложбите на УСС – УКИМ за зајакнување на научната дејност на универзитетите и надвор од нив, веруваме дека дискусии од ваков карактер ќе ни дадат платформа за презентирање на идеи за промоција на науката, ревидирање на состојбите на лабораториите и истражувачките центри со намера за нивно возобновување, реновирање, опремување, зголемувањето на финансиите за наука како и спроведување поголеми истражувачки проекти за академскиот кадар во кој свое учество ќе земат и студентите како дел од академската заедница“, посочуваат од УСС-УКИМ.

На дискусијата, покрај говорниците, сите присутни студенти ќе имаат можност да постават прашање и да се јават за коментар. За учество во дискусијата со прашање или коментар, заинтересираните можат да се пријават на следниот ЛИНК.