Онлајн дискусија: Сајбер булингот (не) е новото нормално

Невладината организација Girl Up одржува онлајн дискусија на 24 февруари, со почеток во 19 часот, на која ќе се зборува за придобивките, но и негативните страни на интернетот и технологијата.

„Нашата цел е да ги поттикнеме младите доколку имаат таков вид на проблеми и им е потребна помош или совет, да не се воздржуваат и отворено да зборуваат за тоа, а во меѓувреме да не дозволат да им се наруши психичката благосостојба“, стои во најавата.

Гости на дискусијата ќе бидат Огнен Јанески, Билјана Настовска и Миа Костова.

Дискусијата ќе се одржува преку Зум, а присуството треба да се потврди на следниот ЛИНК.