Онлајн Априлијади во Скопје и Штип

По повод Денот на шегата најавени се онлајн Априлијади во неколку македонски градови.

Детскиот културен центрат – Карпош најавува дека видеопреносот од Априлијадата ќе започне во 12 часот, а од ДКЦ Карпош ги повикуваат сите да се придружат на настанот.

„Во овие услови кога ни е најпотребно смеење, првпат на несекојдневен начин ја организираме градската Априлијада. Смеењето е здравје, а здравјето ни е најпотребно во моментов“, наведуваат од Центарот.

Слична манифестација планираат и од Домот на млади од Штип, кои од 14 часот на нивната Фејсбук страница ќе ја задржат традицијата на првоаприлскиот маскенбал.

„Во соработка со Општина Штип, општинските градинки и основни училишта сите се заложија за правење на албум под маски со нивните ученици кои ќе ни ги достават и тука сите заедно ќе бидат објавени на едно место. Вклучете се во „АПРИЛИЈАДА 2020“ да се забавуваме и насмевнеме“, соопштија од Домот на млади во Штип.