ОН: За десетина години 45 отсто насeление на Земјата нема да има доволно вода за пиење

Спoред податоци на ОН, за десетина години дури 45 отсто од жителите на Земјата нема да имаат доволно вода за пиење. Во исклучително тешка состојба ќе бидат државите на Блискиот исток и во северна Африка каде живеат пет отсто од жителите на планетата, а на нив „отпаѓа“ само 0,9 отсто од светските резерви на вода.

ОН: За десетина години 45 отсто насeление на Земјата нема да има доволно вода за пиење

Многу држави фактички пијат од еден извор. Басенот на Нил го делат десетина држави. За сите е одредена квота за користење на водните ресурси. Египет кој се наоѓа најниско во текот, користи најголем дел од водата на реката Нил.

И додека Египет беше главна регионална сила, неговото право практично не е оспорувано. Етиопија своевремено се обиде да изгради брана, но египетски авион потопи брод со опрема за изградба.

Сега ситуацијата во регионот е изменета. Етиопија го почна проектот Препород, подигнување огромни хидроцентрали на Плав Нил, која е главна артерија на големата река. Египет се обидува да се спротистави на проектот.

Реката Јордан и нејзините притоки се главен извор на вода за Блискиот исток.

Затоа прашањето за користење на водата е особено остро во јорданско-сириските, јорданско-израелските, сириско-ирачките, либанско-израелските и палестинско-израелските односи.

Не е подобра ситуацијата ниту со поделбата на вода во централна Азија. Узбекистан отворено му се заканува на Таџикистан дека ќе почне војна ако владата во Душанбе ја изгради Рогунската хидроцентрала на реката Вахш, и ограничи достап до вода низводно.