ОН: Стагнира броjoт на жени во политиката

„Женските гласови се уште недостасуваат во извршните гранки на владите и парламентите во светот, одолговлекувајќи го постигнувањето на одржлив развој“, соопшти Агенцијата на Обединетите Нации, задолжена за поддршка на родовата рамноправност.

Во нивниот нов извештај се забележува дека бројот на жени шефови на држави или шефови на влади паднал од 19 на 17 во последните две години, а напредокот на бројот на жените во парламентот продолжува да оди бавно. Овие податоци се наведени во мапата „Жените во политиката“, која беше иницирана од Интерпарламентарната унија и Жените на ОН.

„Што е демократија? Дали е тоа народот за народот, или мажи за народот “, рече Фумзиле Мламбо-Нгкука, извршна директорка на „Жените на ОН“. Таа зборуваше заедно со Мартин Чунгонг, генералниот секретар на Интерпарламентарната унија.

Податоците на Унијата покажуваат дека глобалниот просек на жените во националните парламенти се зголемил само малку од 22,6 отсто во 2015 година на 23,3 отсто во 2016 година, додека бројот на жени претседателки на Претставничкиот дом, сепак, е највисок досега, односно 53 од од 273 места.

Минатата година тој раст бил толку незначителен, така што со ова темпо ќе треба половина век за да се постигне парламентарна еднаквост меѓу мажите и жените, се вели во анализата на ОН. Боливија и Руанда се единствените земји во светот во кои има повеќе пратенички од пратеници.

Позитивно е што продолжува зголемувањето на бројот на жените министри во владите воопшто. Моментално во светот нивниот број изнесува вкупно 732, што е 18 отсто од министрите. Во Европа, вкупниот процент изнесуваше 22,5 отсто.

За да ја нагласи процентуалната разлика од 23 отсто, Комисијата вчера направи пауза во 16:10 часот, кога останува уште 23 отсто од работниот ден. Симболично, со кафе и чај се означи крајот на работниот ден со филџани на кои пишува: „Еднаква плата СЕГА“ #CSW61.