ОН: Источно Алепо станува „џиновска гробница“

Директорот за хуманитарни акции на Обединетите нации предупредува дека источно Алепо полека се претвора во „една џиновска гробница“’, како што областа управувана од бунтовниците полека ја преземаат сирискиот режим и руските сили.

Стивен О’Браен на итна сесија на Советот за безбедност на ОН рекол дека од саботата до денес, 25 илјади луѓе биле присилно иселени од нивните домови во источно Алепо, а повеќе од половина од нив се деца.

Она што е преостанато од областа на најголемиот сириски град претрпе уште еден ден интензивно бомбардирање, а видео снимки покажуваат дека телата на мртвите, меѓу кои и деца, се носат по улиците и од нив буквално се прават купишта.

Пратеникот на ОН за Сирија, Стефан де Мистура, вели дека речиси 40 проценти од областа е зафатена од владините сили, со што е поделена на две – под управување на бунтовниците, и на власта.

О’Браен вели дека оние кои се обидуваат да побегнат од фронтот се соочуваат со нови опасности, како фракции на бунтовниците испратени да ги спречат да си заминат, или доколку се фатени сред размена на оган.

„Во име на човештвото, повикуваме, молиме до партии и оние кои имаат влијание, да направат сѐ што е во нивна моќ да ги заштитат цивилите и да обезбедат пристап до инвадираниот дел од источно Алепо, пред да стане џиновска гробница“, вели.

Регионалниот директор на УНИЦЕФ, Гееерт Капалаере, вели дека шест милиони деца во Сирија имаат потреба од хуманитарна помош, а од нив два милиони се во отсечени области, додека 500 илјади живеат во инвазија.

„Би сакал сите ние да го паузираме ова на момент и да го замислиме животот преку очите на едно дете заглавено во таква трагична ситуација. Како девојче или момче во Алепо, каде наоѓаат утеха и надеж, сред бомбите?“, го прашал Советот.