ОН ги повлече сите конвои за прва помош после воздушен напад

Обединетите нации ги повлекоа своите конвои за прва помош, откако воздушен напад погоди флота камиони кои пренесуваат храна во областа управувана од бунтовниците, во близина на Алепо по понеделникот.

Портпаролот на службата за хуманитарна помош на ОН Јенс Лаерке изјави: „Како итна безбедносна мерка, другите конвои во Сирија беа повлечени на извесен временски рок, се додека не се промени моменталната безбедносна состојба“.

Тој вели дека ОН неодамна добиле дозвола од сириската влада да доставуваат помош во окупираните области на државата.

Нападот на конвојот на сириската Црвена полумесечина кој пренесуваше храна обезбедена од Обединетите нации, е опишан од Интернационалниот комитет на Црвениот крст како ужасно прекршување на меѓународното право. Нападот е спроведен откако беше нарушен еднонеделниот прекин на огнот, договорен меѓу САД и Русија и Сирија.

ИКЦК вели дека во нападот биле убиени околу 20 цивили, а уништени се околу 18 камиони полни со храна наменета за десетици илјади луѓе отсечени во руралната област западно од градот Алепо.