ОН бараат Асанж да биде ослободен, Британија се заканува дека сепак ќе го уапси

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж е неправедно и незаконски задржан и треба да биде слободен, одлучи денеска Работната група на Обединетите Нации. Од друга страна, британската влада утрово соопштео дека смета оти оваа одлука не е обврзувачка и сепак ќе го уапси активистот, доколку тој ја напушти амбасадата на Еквадор во Лондон, каде принудно живее веќе три и пол години. На сличен став е и шведската влада, која најави дека формално ќе ја оспори одлуката на Работната група.

Адвокатите на Асанж одржаа прес-конференција, на која ги претставија своите аргументи во одбрана на Австралиецот. Адвокатите велат дека доколку Шведска (која го бара Асанж за обвиненија за сексуален напад) и Велика Британија ја игнорираат одлуката на работната група на ОН, тоа ќе постави преседан, кој би можеле да го следат други земји, кои нелегално би затворале луѓе.