Омаж на Неда Арнериќ во Кинотека

Кинотека на Северна Македонија на 14 и 15 февруари во чест на белградската актерка Неда Арнериќ, која остави траен белег во македонскиот филм, а е еден од најпознатите ликови на некогашната југословенска кинематографија, ќе прикаже четири играни филмови.

На 14 февруари со почеток од 18 часот ќе биде прикажан филмот „Време без војна“, додека во 20 часот истиот ден ќе биде прикажан филмот „Истрел“.

Следниот ден, на 15 февруари, од 18 часот ќе биде прикажан филмот „Татко (колнати сме, Ирина)“, а терминот од 20 часот е закажан за филмот „Исправи се Делфина“.

Влезницата за сите проекции е бесплатна.