Оливера Трајковска: Добра дебата кај нас се подразбира само ако еден е понижен

„Нема дебата зашто нема за што да дебатирамеˮ- на оваа тема на деветтата по ред радио – дебата на Диверзити Медиа дебатираа Оливера Трајковска, уредник на емисијата Вин – Вин, новинарот Зоран Иванов, новинарот и основач на порталот за вести МКД.мк Александар Дамовски и универзитетскиот професор Мимоза Ристова.

Оливера Трајковска: Добра дебата кај нас се подразбира само ако еден е понижен

Како и секој вторник, така и дебатата оваа седмица се емитуваше во живо на Радио МОФ.

„Добра дебата кај нас се подразбира само ако еден е понижен. Овие 20 години не поставивме темели за добра дебата. Дебата не е дуел Заев – Груевскиˮ, коментираше Трајковска.

Оливера Трајковска: Добра дебата кај нас се подразбира само ако еден е пониженПрофесорката Ристова рече во демократски развиените земји дебатата се учи уште во први и второ одделение од основното образование.

„Само во случај на притисок од граѓаните ќе има дебата”, смета Дамовски.

Иванов заклучи дека политиката го узурпира секој простор во Македонија, најмногу медиумскиот. А, тој, според него, треба да поттикнува дебати.

Сите категорично заклучија дека во Македонија нема дебата.

Оливера Трајковска: Добра дебата кај нас се подразбира само ако еден е пониженРадио – дебатата на Здружението Диверзити Медиа е од серијата радио – дебати „Дебатирањето менуваˮ, проект финансиран од Националниот Фонд за Демократија од Вашингтон.

Радио МОФ и ИДЕА Југоисточна Европа се партнери – поддржувачи на Диверзити Медиа во овој проект, финансиран од Националниот Фонд за Демократија од Вашингтон (National Endowment for Democracy (NED)).

Вчера Диверзити Медија ја промовираше и брошурата Дебати_мкˮ, како производ од сите десет јавни дебати на различни и актуелни теми што ги организираше во периодот помеѓу април и септември 2013 година.