Олимпиец го продава својот сребрен медал за да собере пари за тригодишно дете болно од рак

Полскиот фрлач на дискови Пјотр Малачовски го донираше својот сребрен олимписки медал за да собере средства за тригодишно момче со редок вид на рак.

Малачовски го освои среброто со фрлање на диск на далечина од 67,55 метри, со 82 центиметри оддалеченост од Кристоф Хартинг од Германија, кој го зеде златото.

Неговата донација му овозможила на Олек Шимански, кој има ретинобластома (канцер на окото кој најчесто се појавува кај мали деца), да патува во Њујорк, каде ќе се лекува.


„Мојот сребрен медал е многу повреден од тоа што беше пред една недела“, вели Малачовски. „Сега ја носи вредноста на здравјето на Олек“.

„Да добие олимписки медал е еден од животните сонови на секој спортист. Секако, највредно е златото. Јас направив се што е во моја моќ да го освојам. За жал, овој пат не успеав“, вели.

Малачовски упатил апел преку Фејсбук, каде напишал: „Во Рио се борев за златото. Денес апелирам до сите – ајде заедно да се бориме за нешто што е уште повредно – здравјето на ова прекрасно дете. Ако ми помогнете, моето сребро може да вреди повеќе и од златото“.