Олга Токарчук и Питер Хандке се добитници на Нобелова награда за литература

Шведско-австрискиот писател Питер Хандке е добитник на Нобеловата награда за литература за 2019 година, а Нобеловата награда за 2018 година ја доби полската писателка Олга Токарчук, соопшти Шведската кралска академија.

Во образложението на Академијата за Хандке се наведува дека наградата му се доделува за „влијателната работа која со јазична генијалност ја истражила периферијата и специфичноста на човечките искуства“. Токарчук, пак, Нобеловата награда ја добила за „наративната имагинација која со енциклопедиска страст го претставило надминувањето на границите како форма на живот“.

Хандке е многу поконтроверзен избор од Токарчук, поради неговите критики кон Нобеловата награда, за која сметал дека треба да престане да се доделува поради „лажната канонизација“ на литературата. Хандке, кој има словенско потекло, беше жестоко критикуван и поради неговата одлука да одржи говор на погребот на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ во 2006 година.

Жирито од Шведската академија ја опишаа Токарчук како „писателка преокупирана со локалниот живот… но со поглед од земјата нагоре…“. Во телевизиско интервју, откако ја доби највисоката полска книжевна награда, Токарчук ги разлути десничарските патриоти со изјава дека настрана од сликата која жителите на Полска ја имаат за себе, како жртви на репресија, земјата направила „ужасни дела“ на колонизација во својата историја. Таа била етикетирана како „тарговицзанин“, стар полски назив за предавник, а нејзиниот издавач морал да и ангажира телохранители за нејзината безбедност.

Доделувањето на наградата за 2018 година минатата година беше одложено поради сексуалниот скандал кој ја потресе Академијата.

Нобеловците добија по 9 милиони шведски круни за својот придонес во светската литература.