Октопод ги фотографира своите посетители

Октоподите се познати како доста интелигентни суштества, но еден октопод во Нов Зеланд се истакнува од својот вид фотографирајќи ги посетителите од својот аквариум. Рамбо е првиот обучен октопод фотограф или како што би го нарекле, октограф.

Новооткриената вештина на Рамбо е резултат на партнерството меѓу Sony и Аквариумот со морски свет во Оукленд. На надворешната страна од резервоарот на октоподот е прикачен компакт апарат, а Рамбо беше обучен да го притисне црвеното копче од блендата на фотоапаратот кога посетителите ќе застанат на специјалната позадина.