Оксфорд отвори оддел за истражување на кодот на Да Винчи

Универзитетот Оскфорд отвори центар за истражување на потеклото на христијанските реликвии, кој научниците го нарекоа „одделение за кодот на Да Винчи“.

Во рамките на новото одделение веќе го завршија истражувањето на парче дрво за кое се верува дека е остаток од крстот на кој според преданието бил распнат Исус Христос.

За прв пат експерти од неколку различни области заедно ќе работат на датирање со јаглен, испитување на гени и проучување на теологијата, за да дознаат повеќе за потеклото и движењето на религиските реликвии.

„Христијаните веруваат дека нивните реликвии имаат чудесни моќи и дека им гарантираат благосостојба и во овој и во другиот свет, поради што често ги пренесувале од еден на друг и ги расеале ширум планетата, особено во текот на Средниот век“, објаснува Georges Kazan од археолошките студии на Оскфорд.

„Научните анализи покажаа дека многу реликвии за кои се вели дека припаѓале на светци се или лажни или погрешно претставени, но некои се можеби и автентични“, додава.

Thomas Higham, заменик на директорот за единицата за тестирање со јаглен го предводел тимот кој испитувал шест мали фрагменти на коски пронајдени на островот Свети Јован во Бугарија, за кои се верувало дека припаѓњаат на тој светец.

Меѓутоа, анализите покажале дека коските потекнуваат од периодот меѓу 660 и 770 година, што значи дека не можат да му припаѓаат на Свети Јован.

Оскфорд во вакви стручни студии учествува одамна. Истражувачите на овој универзитет ја истражуваа староста на Покривката од Турин, кога беше утврдено дека ткаенината за која се верувало дека бил покриен Исус Христос после распетието, всушност била направена меѓу 1260 и 1390 година.

Извор: B92