Околу 6.000 учесници на Скопскиот маратон 2014

Повеќе од шест илјади учесници од 47 држави ќе учествуваат на 10-от Скопски маратон, што ќе се одржи денеска. Ќе бидат реализирани трката на пет илјади метри, која има хуманитарен карактер, полумаратонот и главната трка маратонот на 42.195 метри, пренесе МИА. Стартот на сите трки е во 9 часот на плоштадот „Македонија“.

ФОТО: МИА

Годинава промотор на маратонот е светскиот рекордер, Кениецот Вилсон Кипсанг.

Годинава ќе се натпреваруваат четворица Кенијци и две Кенијки, натпреварувачи од Романија, Унгарија, Италија… Како и секоја година, Виз Ер Скопскиот маратон ќе биде и државно првенство во маратон. Ќе настапат сите македонски маратонци.

За маратонската и полумаратонската трка ќе има парични награди, а за трката на 5.000 метри стокови награди. Првите три парични награди во маратонот во машка и женска конкуренција зависат од постигнатиот резултат. За рекордот на патеката на маратонот следува дополнителна награда од 300 евра.

За најмладите вчера се одржа Colgate мини маратон, на кој учествуваа повеќе од 600 деца од основните училишта. Децата трчаа 600 метри.