Околу 180 пожари избувнаа во канадска провинција

Вонредна состојба е прогласена во канадската провинција Британска Колумбија, додека се бори со 180 пожари. Федералната влада вели дека ја надгледува состојбата и е подготвена да понуди помош доколку биде потребно.

Пожарите им се закануваат на неколку заедници во централниот регион на Британска Колумбија.

 

Ова е прво прогласување на вонредна состојба во проинцијата после 14 години.

Службата за заштита на дивината изјави дека пожарите ги причиниле громови и силни ветришта, а високите температури придонеле да се прошират дивите пожари низ повеќе од сто километри.

Жешкото време се очекува да продолжи во текот на викендот. Засега, не се пријавени смртни случаи или повреди, а властите апелираат до жителите да преземат секаква мерка на претпазливост за да останат безбеднни.

Провинцијата Саскачеван праќа три авиони и 30 пожарникари на помош. Околу 260 пожарникари надвор од Британска Колумбија се очекува да пристигнат наредната недела, објави Министерот за природни ресурси за провинциите, Џон Растад.

„Состојбата на климата не ни е во корист“, вели Растад. „Има многу агресивно однесување на пожарот, што прави да биде многу тешко директно да се нападне“.

Од службите велат дека пожарот во Густафсен, кој гори на околу 400 километри северно од Ванкувер, достигнал прозенета големина од 3.200 хектари до сабота попладне. Околу 120 пожарникари го гасат тој оган.

„Огнот се очекува да расте во наредните часови, а големината на развојот зависи од климата и условите на ветерот“, вели агенцијата, повикувајќи ја јавноста да применува мерки на безбедност и да остане далеку од регионот.

Британска Колумбија секоја година доживува околу 2.000 пожари, но со повеќето се справуваат за 24 часа.