Околу 100.000 потписи на петицијата против „Луково Поле“

Околу 100.000 граѓани, за пет месеци ја потпишаа петицијата за заштита на еден од најстарите национални паркови во Европа и дом на Балканскиот рис, Маврово, соопшти Коалицијата „Екологијата – Приоритет!“

protest-radika

Оваа електронска петиција произлезе по резолуцијата на Меѓународната унија за зaчувување на природата (IUCN) и поддршката од бројни експерти и научници кои беа едногласни во својот став дека во националниот парк Маврово нема место за хидроенергетски проекти.

– Спроведувањето на двата проекти ќе ја наруши природноста на живеалиштата и ќе го доведе во прашање опстанокот на голем број значајни растителни и животински видови, меѓу кои и балканскиот рис – критично загрозен подвид на Евроазискиот рис. Националниот парк ‘Маврово’ е едиствената област во која успешно се спроведува репродукција на овој загрозен вид . Планираните хидроенергетски проекти многу веројатно ќе резултира со исчезнување на Балканскиот рис. Апелираме до вас да се откажете од плановите за спроведување на овие проекти– се наведува во соопштението на Коалицијата.

Електронската петиција почна на 9. април годинава, а поддршката можеше да се даде до 5. септември.Во овој период во неколку наврати се организираа и протести поради најавите за реализација на проектите Бошков мост и Луково поле.