„ОК“ полни 175 години

Еден од најпопуларните зборови на светот на англиски јазик, познатиот „ОК“ или на македонски „во ред“, утре го слави 175-от роденден.

„ОК“ полни 175 години

Зборот првпат се појавил во печатот во американскиот „Бостон морнинг пост“ во 1839 година.

– Сметам дека „ОК“ треба да се слави со паради и говори, изјави Алан Меткалф, професор од Илиноис, кој е и светски експерт за историја и значење на овој збор.

Во својата книга „ОК: Неверојатна пријазна за најголемиот американски збор“ (OK: The Improbable Story of America’s Greatest Word) Меткалф напиша дека тоа е најчесто изговорен или испечатен збор на планетата, користен повеќе отколку „кока кола“.

Етимолошки, зборот нема директна врска со латински, грчки или кој било друг древен јазик. Оксфордскиот речник на својот сајт ги отфрла шпекулациите дека ОК потекнува од некои грчки и шкотски изрази за „во ред е“.

Наместо тоа, тој ја фаворизира теоријата која ја дели и Меткалф – дека ОК е кратенка од „аll correct“ (ol korect) од дамнешните 1830-ти години, кога грешките во јазикот биле поизразени, како што денес се случува со употребата на Интернетот.

Денес ОК се користи за да се изрази согласување, одобрување, разбирање или да се нагласи реченицата, и речиси нема лице на планетата која нема да го разбере овој збор.