OJO: Шест лица се обвинети во процесот „Еразмус“

Шест лица се обвинети од Основното јавно обвинителство (ОЈО) во случајот со корупција на вработени на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје, познат како „Еразмус“.

Обвинетите се товарат дека во текот на 2015 и 2016 година како вработени на факултетот, искористувајќи ја својата службена положба, ги сториле кривичните дела: примање поткуп, примање награда за противзаконито влијание и злоупотреба на службената положба и овластување.

ОЈО информира дека постапката против лицето со иницијали Т.Ф. е запрена бидејќи немало докази кои потврдуваат негово кривично дело.

Акцијата за случајот „Еразмус“ од шести јуни беше проследена со различни реакции во јавноста. Професорскиот пленум побара дополнително да се утврди реалноста за сите наводи од случајот и побараа објавување на сите детали за индицираната коруптивна шема. Притоа, го осудија упадот на полицијата во кампусот на УКИМ, карактеризирајќи го како противуставен и противзаконски удар на автономијата на Универзитетот.