До Основното јавно обвинителство (OJO) – Скопје пристигнааа две кривични пријави поднесени од Министерството за внатрешни работи против две лица за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 од Кривичниот законик“, информираат од ОЈО во врска со случајот за насилниот упад во Собранието на Република Македонија.
За едното лице, велат од таму, надлежен јавен обвинител по прибирање на доказите ја утврдил дадената правна квалификација.
„Со оглед на обемната медицинска документација за здравствената состојба на осомничениот, јавниот обвинител кој постапува во предметот предложи до судија на предходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје определување на Мерки на претпазливост. Со Решение на судот, на лицето му се определени мерки за претпазливост и тоа: Забрана за напуштање на живеалиште, Одземање на патна исправа, Забрана за приближување на место каде се одржува протест во растојание од 500 метри и Забрана за приближување на лицата кои евидираат како оштетени од овој настан“, соопштува ОЈО.
За другото лице, за кое е поднесена кривичната пријава, ОЈО – Скопје ценејќи ги доказите, засега ја прифатило правната квалификација за сторено кривично дело.
„Ценејќи дека постојат законски основи, надлежен обвинител до судија на предходна постапка достави предлог за определување на мерка на обезбедување. Судот со Решение на осомничениот му определи мерка Куќен притвор со времетраење од 8 дена“, велат од Обвинителството.
Според ОЈО, продолжуваат во контунинуитет нивните активности „за расветлување на на кривично правниот настан случен во Собранието на Република Македонија“.