„Охридско лето“: Изложба на фотографии „Од уметничкиот пат на Георги Божиков“

На четвртата вечер на годинешното „Охридско лето“ ќе се одржи изложба на фотографии на оперскиот пејач Георги Божиков, по повод 50-годишнината од неговиот прв рецитал на Фестивалот.

Бас-гласот на Георги Божиков, инаку роден во Петрич 1931 година, претставува еден од клучните духовни двигатели на македонската музичка култура,  во  32-те години што уметникот ги проживеа во Македонија, од 1964 до 1986 година.

Божиков во својата уметничка кариера остави белег со 27-те оперски улоги во изведба на Операта при Македонскиот народен театар, но и на значајни европски сцени. Тој беше препознатлив со неговите солистички партии во ораториуми и кантати во стилски распон од барокот до денешнината, со концертно изведените соло-песни – бисери на светската вокална литература или бројните изведби и праизведби на дела од македонски композитори.

Изложбената поставка посветена на Божиков е поставена во Дирекцијата на „Охридско лето“, а свеченото отворање е предвидено за од 21 часот.