Охридско Езеро – како да се заштити, заштитеното? – предавање со биологот Кирил Арсовски Пржо

Младински образовен форум, во соработка со Институтот за комуникациски студии организираат онлајн предавање на тема: „Охридско Езеро – како да се заштити заштитеното?“

Предавањето е дел од кампањата „Разбистри сѐ“, а ќе се одржи во четврток (25.2.) во 18:30 часот на Зум. (ЛИНК)

Предавач ќе биде Кирил Арсовски Пржо, биолог и уредник на веб порталот за животна средина Doma.edu.mk.

Тој ќе зборува за Охридското Езеро и неговото крајбрежје, кои претставуваат едни од најважните екосистеми во државата. Но, во своето предавање, Арсовски ќе се обиде да одговори и на прашаето дали постои начин да се спаси Охрид од инфраструктурниот развој, загадувањето и негрижата.