Со одлука на синдикалната организација при ОСУ „ Св.Климент Охридски“, вработените во училиштето денеска се приклучија кон генералниот штрајк во образованието во организација на СОНК, јавува порталот Охрид њуз.
Од синдикалната организација утрово информираа дека штрајкот е отпочнат и се реализира со големо мнозинство на вработените. Како причини за штрајкот, меѓу другото, наведени се новодонесените законски одредби кои се однесуваат на образованието.
Претходно, новиот директор на гимназијата, Звонко Трпески, кој беше поставен на функцијата минатата недела, ги повика наставниците и учениците од денеска да дојдат на работа, тврдејќи дека не добил никакво известување дека ќе се штрајкува.