Охридската филмска академија организира фестивал од 8 до 10 април

Институтот за филм – Филмска Академија Охрид во периодот од 8 до 10 април 2016 година, го организира својот прв филмски фестивал чии активности ќе се одвиваат во просториите на академијата во Охрид.

Со сопствени филмови ќе се претстават студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, „Есра“ и ФДУ од Скопје, Тетовскиот универзитет и „Хасан Приштина“ од Косово.

За време на трите фестивалски дена, просториите на академијата ќе бидат отворени 24 часа за поканетите гости и за сите заинтересирани посетители од Македонија. Влезот за проекциите е бесплатен.

Охридската филмска академија почна да функционира како јавна научна установа и како придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, во септември минатата година.