Една од најголемите санти мраз, четири пати поголема од Лондон, се отцепи од Антартикот, покажуваат нови сателитски фотографии.
Големината на сантата е 5 800 метри квадратни, а тежи околу трилиони тони.
Ледената површина се одделила откако сателитот на НАСА, кој прави термални снимки, покажал пукнатина која се формираше веќе одреден период.
Сепак, сантата се уште не испловила од својата првична позиција, најверојатно поради нејзините подводни ридови или поради морските струи и ветрови, пишува Индепендент.
„Отцепувањето настана некаде помеѓу понеделник 10 јули и среда на 12 јули 2017 година, кога 5.800 квадратни километри конечно се одделија од делот Ларсен К. Ледениот брег, кој најверојатно ќе се вика А68, тежи повеќе од трилиони тони. Неговиот волумен е двапати поголем од езерото Ери, едно од Големите езера”, пишува на Проект Мидас, вебсајт кој пишува за истражувањата на Антартикот.
Оваа санта е речиси половина од најголемата досега регистрирана, која е 11 000 километри квадратни. Таа се отцепи во 2000 година и помина покрај Нов Зеланд пред шест години.
Научниците велат дека санта мразот нема да има ефект врз глобалните морски нивоа, бидејќи веќе пловеше во водата. Сепак, неговото отцепување може да го забрза протокот на глечерите од земјата во морето.
„Одделувањето на сантата го остава Ларсен Ц. намален за 12 отсто, а површината на Антартичкиот полуостров е променета засекогаш“, велат научниците.
Според нив, постои опасност Ларсен Ц да го следи примерот на неговиот сосед, Ларсен Б, кој се распадна во 2002 година откако се случи слично отцепување на рид во 1995 година.
Дел од нив сметаат дека сантата може да остане во сегашната позиција во наредните 20 години.
Професорот Адриан Лукман од Сванси Универзитетот, водечки истражувач на Мидас проект, рече: „Ние го најавувавме овој настан со месеци и бевме изненадени колку долго му требаше за да се расцепи од последните километри мраз“.
Тој најави дека ќе продолжат да ги мониторираат влијанијата од ова одделување и судбината на огромната санта мраз.