Во април, таканаречената „Трамп кокошка“ стана маскота на Даночниот марш. Сега, огромната маскота на надувување со фризурата на американскиот претседател се појави во паркот Елипси, точно пред Белата куќа.
Човекот кој призна дека е одговорен за оваа „егзибиција“, Таран Синг Брар, изјавил дека „Трамп е преголема кокошка и не сака да ги објави своите документи од плаќање даноци, како и да се соочи со рускиот претседател Владимир Путин“. Тврди дека за својот „визуелен протест“ платил 1.300 долари.
.@whca @markknoller who is floating the Orange Haired Chicken by @WhiteHouse anyone know? pic.twitter.com/asxuZWm6Ry
— Tammy Haddad (@haddadmedia) August 9, 2017
There’s a giant inflatable Trump chicken behind the White House. pic.twitter.com/z41FJNAG6X
— Philip Lewis (@Phil_Lewis_) August 9, 2017
.@whca @markknoller who is floating the Orange Haired Chicken by @WhiteHouse anyone know? pic.twitter.com/asxuZWm6Ry
— Tammy Haddad (@haddadmedia) August 9, 2017
Инаку, кокошките на надувување со ликот на Трамп се достапни на Ибеј за 500 долари. Изгледаат речиси идентично со статуата на петел која личи на Трамп, која се појави во Кина минатата година. Кокошката која се појави пред Белата куќа, одвреме-навреме се појавува на различни протести.
Сепак, претседателот Трамп вчера бил во Њу Џерси, па не успеал да ја види кокошката од Овалната канцеларија.