Огромен пораст на тестирања за ХИВ откако принцот Хари се тестираше со пренос во живо на Фесјбук

Принцот Хари се тестираше за ХИВ и го стримаше прегледот во живо на Фејсбук, со цел да покаже дека станува збор за едноставна и бесплатна процедура. Благодарение на овој потег, голем број на луѓе решиле да се тестираат во наредните денови, открива хуманитарна организација која се бори против ХИВ/СИДА.

Британскиот принц се тестирал од заразната болест на 14 јули. Од организацијата велат дека станува збор за „клучен момент во битката против ХИВ“.

Групата за свесност за ХИВ, Трустот Теренс Хигинс, забележат пет пати поголем број на нарачки за тестови за ХИВ, во наредните неколку дена после преносот во живо на принцот.

Според организацијата, проект кој им ја нуди на луѓето можноста да го дознаат нивниот ХИВ статус во сопствениот дом бесплатно, е засега успешен, со голем број на нарачки и пред видеото на принцот Хари. Сепак, нарачките за тест-пакетите се зголемиле петократно, до 150 нарачки на ден.

BioSure HIV тестовите им овозможуваат на корисниците да дознаат дали се ХИВ позитивни во приватноста на нивниот дом. Како и брзиот ХИВ тест на принцот Хари, тестот бара мала капка крв, и може да даде 99,7 посто точен резултат во наредните 15 минути.

„Знаеме дека едно од шест лица кои имаат ХИВ не се свесни за тоа. Тестирањето ги става во контрола и, благодарение на лекувањето, ги спречува од сериозно заболување. Со тоа, овозможено им е да имаат нормален животен век и се превенира вирусот да биде пренесен на друга личност“, вели д-р Мајкл Брејди, медицински директор на Трустот Теренс Хигинс.

„Затоа е многу важно да продолжиме да бараме нови начини да го направиме тестирањето за ХИВ попристапно за најзагрозените. Фантастично е да се види брзото влијание на поддршката на принцот Хари за тестирањето на ХИВ“, додава.