Огромен билборд на Трамп и Круз како се бакнуваат осамна во Охајо

Билборд на кој се прикажани ликовите на републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп и неговиот до скоро противник, и сенатор на Тексас, Тед Круз, како се бакнуваат, осамна во Кливленд, Охајо, каде неделава треба да се одржи Националната конвенција на републиканците.

Сликата се појавува заедно со насловот кој вели „Љубовта која Трампови ја мразат. Стави крај на хомофобијата. ”

Билбордот е спонзорирана од страна на организацијата за ЛГБТ права „Садиме мир“, истата непрофитна организација одговорна за Домот на еднаквоста, куќа во виножито боја, која е поставена преку улица од Вестборо баптистичката црква.

Претседателот на организацијата Арон Џексон вели дека билбордот е создаден како директен предизвик за Републиканската партија и нејзината анти-ЛГБТ агенда .

„Она што Доналд, Тед и Републиканската партија не успеваат да го сфатат и едноставно се чини дека не им е грижа, е тоа што нивните зборови и дела кон нашето ЛГБТ семејство, особено ЛГБТ децата имаат значење и влијание”, рече Џексон за Хафингтон пост.

„ЛГБТ децата ги слушаат овие пораки во кои кажуваат дека тие се ништо друго освен граѓани од втор ред и се чувствуваат скршени или разочарани”.

Платформата која наскоро ќе биде ратификувана од Републиканската партија се смета за најанти-ЛГБТ во историјата, според најавите. Во платформата се повикува на повлекување на истополовите бракови, принудувајќи ги трансродовите граѓаните да користат несоодветни бањи.

„Садиме мир“ се, исто така, одговорни за други билборди повикувајќи се на нетолеранцијата кон ЛГБТ заедницата, како на пример во Северна Каролина поради анти-ЛГБТ предлог-закон и во Мисисипи за борбата против „верската слобода” на државата, која им дозволува на претпријатијата да одбиваат хомосексуални клиенти.