Оглас за студенти – волонтери во Влада

Студентите ова лето ќе можат да волонтираат во канцеларијата на Премиерот и Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија. Огласот за  ангажирање волонтери важи за периодот од 1 јули до 15 септември, а предност ќе имаат имаат студентите на правни, политички, економски и филолошки науки.

Оглас за студенти - волонтери во Влада

Апликации ќе се примаат до 21 јуни, а до крајот на овој месец ќе трае селекцијата на пријавените студенти.

Како што информираше владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев, секој заинтересиран студент може до архивата на Владата да поднесе мотивациско писмо во кое ќе ги наведе сопствените мотиви за волонтирање, кратка биографија со своите референци, досегашното образование и дополнителни искуства доколку има такви, заедно со фотокопија од неговиот индекс.

Одбраните кандидати ќе одат на секојдневно ќе одат на работа во двете институции, за што ќе добиваат надомест за волонтирање во висина од 4.000 до 4.500 денари.

Со цел иницирање на волонтерството, Ѓорѓиев упати апел до претставниците на приватниот сектор и јавниот сектор да ги отворат вратите за волонтерите, особено во летниот период кога студентите не одат на факултет.