Оглас за проектен асистент во Национален младински совет на Македонија

Национален младински совет на Македонија (НМСМ) има потреба од Проектен/на асистент/ка за ефикасно и ефективно имплементирање на активностите од  Проектот на УСАИД за граѓанско учество (65%) и општи организациски активности на НМСМ (35%).

Опис на работни задачи на Проектен/на асистент/ка:

Проект на УСАИД за граѓанско учество (65%)

  • Подготовка и реализација на логистички активности од Проектот на УСАИД за Граѓанско учество;
  • Подготовка, обработка и сумирање на демографски и евалуациски податоци;
  • Мониторинг и поддршка на имплементација на проекти активности на LEAD MK стипендисти;
  • Мониторинг и поддршка на имплементација на проектни активности на добитници на Награда за младинско учество;
  • Подготовка на содржини за зголемување на видливоста на активностите кои произлегуваат од проектот;
  • Oрганизација и учество на обуки и состаноци кои произлегуваат од проектот;
  • Комуникација со проектни партнери и соработници;
  • Подготовка на извештаи за организираните активности и својата работа;
  • Други активности кои произлегуваат од реализациајта на проектот.

Општи организациски активности на НМСМ (35%)

  • Организација, имплементација и поддршка на останати проектни активности на НМСМ;
  • Активно учество во активностите поддржани од НМСМ;
  • Редовна координација со Генералниот секретар, Управен одбор и останатите членови на секретаријатот за тековни работи и обврски на Секретаријатот.

Потребни знаења и вештини на кандидатите:

  • Искуство во подготовка и реализација на настани;
  • Одлично познавање на Microsoft Office алатките, познавање на алатки за дизајнирање и креирање на интерактивни содржини ќе се смета за предност;
  • Одлични комуникациски вештини, со високо ниво на говорен и пишан Англиски јазик.
    Познавање на Албански јазик ќе се смета за предност;
  • Вештини за обработка на податоци;
  • Познавање на административно – техничките процедури на меѓународните донатори (УСАИД, Европска Комисија, Швајцарска Амбасада или ФООМ) ќе се смета за предност;
  • Способност да работи со тим, под притисок и во ограничена временска рамка;
  • Способност за непречена комуникација со организации, добавувачи и партнери;
  • Познавање на работата на НМСМ, како и на граѓанскиот сектор во Р. Македонија;
  • Членување во организација членка на НМСМ ќе се смета за предност;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Можност да работи за време на викенди;
  • Можност да патува во рамките на државатa и надвор за потребите на организацијата.

Услови за работа:

Позицијата е со работно време од 40 часа неделно во Скопје. Селектираните кандидати ќе бидат ангажирани со потпишување на договор за 6 месеци, со можност за продолжување.
Плата: 19,000 денари нето.

Рок и начин на пријавување:

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следниве документи:

–  Кратка биографија  (CV на македонски јазик);
– 
Мотивациско писмо на македонски јазик.

На електронската адреса  applications@nms.org.mk  со наслов/назнака [име и презиме] Апликација за работно место – Проектен асистент во НМСМ.

Рокот за поднесување на апликации е 07 септември 2018 година (петок), до 13:00 часот.

Начин на селекција:

Кандидатите кои ќе бидат селектирани во прв круг, ќе бидат поканети на разговор во периoдот од 10 до 14 септември, 2018 во Скопје. Се очекува селектираното лице да започне со работа најдоцна до 24 септември, 2018 година.

Само кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани. НМСМ го задржува правото да го пролонгира конкурсот доколку смета дека истото потребно.