Оглас за практикантство на 500 млади до 29 години

Од денеска е отворен јавниот повик за практикантство на млади до 29 години, кои имаат завршено средно или високо образование, за да се стекнат со прво работно искуство.

Како што соопштија од Министерството за труд и социјална политика,   мерката „Практиканство” се реализира со средства обезбедени од Европската Унија односно од ИПА Програмата. Годинава се обезбедени 9, 5 милиони денари за практиканство за 500 млади лица.

За кандидатите е предвиден надоместок во износ од 5043 денари месечно, со вклучено осигурување во слушај на несреќа и професионално заболување од 645 денари, како и персонален данок од 560 денари.

На огласот ќе може да се аплицира во следните 20 дена, а доколку има потреба ќе биде продолжен.

На него ќе може да се пријавуваат и заинтересираните компании кои сакаат да примат млади лица на практична работа.