Официјалното видео за TomorrowWorld 2015

На почетокот од овој месец беше соопштено дека овогодинешното издание на TomorrowWorld е откажано. Сепак, организаторите го објавија официјалното видео на фестивалот од претходното издание, на кое настапија популарни имиња од светот на електронската музика. Во видеото е прикажан и третиот ден од фестивалот, кога поради лоши временски услови, илјадници посетители си заминале. TomorrowWorld е електронски музички фестивал кој се одржува во Џорџија, САД, од 2013 година. TomorrowWorld и Tomorrowland се организираат од ID&T Belgium, под сопствеништво на браќата Ману и Мајкл Бирс.