Веднаш по затворањето на гласачките кутии во 19 часот беше познато дека не е исполнет цензусот и референдумот во Босилово против рудникот Иловица е неуспешен, а од Општинската изборна комисија (ОИК) потврдуваат дека на гласање излегле 32,45 отсто од регистрираните гласачи.
Вкупно гласале 3.992 гласачи, односно 2.159 помалку од потребниот минимум за референдумот да успее.
Претставниците на Здружението „Здрава котлина“, иницијаторот на референдумот, во текот на вчерашниот ден повеќе пати алармираа за низа нерегуларности. Најавија дека ќе поднесат приговори до ОИК, но и продолжување на иницијативада да не се дозволи отворање на рудникот Иловица.
И набљудувачите на ЦИВИЛ нотираа повеќе нерегуларности, за што ќе се објават повеќе податоци во текот на денешниот ден.