Одржано четвртото издание на „Средношколски игри“

Четвртото издание на манифестацијата „Средношколски игри“ се одржа во сабота во стариот дел на Градскиот парк.

Под слоганот „Заедно во природа“, над 200 активни учесници од 13 средни училишта од Скопје, се натпреваруваа, дружеа и забавуваа на манифестацијата која има за цел да ја подигне свеста на средношколците за потребата и неопходноста од нивен редовен престој на отворен простор заради подобрување и унапредување на нивното психофизичко здравје.

„Натпреварувачкиот карактер придонесува кај младите да се развијат потенцијалите за истражување и учење, тренирање, вежбање, уметнички и естетски развој, а животната средина во која се одвиваат игрите кај младите поттикнува свесност за здрав живот и почесто движење во природни средини“, велат организаторите ЗГ „СФЕРА“ Скопје.

Од настанот учениците испратија пораки за меѓусебна толеранција.

Настанот го поддржа Град Скопје.