Одржан Саемот на кариера на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово

Вчера (8 мај), Центарот за кариера при Универзитетот на југоисточна Европа од Тетово, традиционално го организира Саемот на кариера. На манифестацијата учествуваа четириесетина компании, невладини организации и други институции. На студентите и средношколците од страна на компаниите им беа претставени можностите што ги нуди секоја организација:  практична работа, вработување и други можности.

Одржан Саемот на кариера на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово

Младински образовен форум беше дел од овој настан. Студентите се интересираа за организацијата, за работењето, а дел од нив пројавија желба за вклучување во тековните активности и клубови на МОФ.

Одржан Саемот на кариера на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово

Пред присутните се обрати ректорот на универзитетот, проф. д-р  Замир Дика. Тој истакна дека преку вакви и слични манифестации што традиционално ги организира универитетот, тој се доближува до врвните и престижни универзитети во светот. Ваквите настани се добра можност студентите да се сретнат директно со компаниите и да се информираат за можностите што ги нуди секоја организација.

Бобан Костадиновски