Одиграни „Жапчиња 2020“ – онлајн караван на инклузивни детски претстави

Здружението КУЛТИ ВАТОР од Скопје, во соработка со театарот АРТ ВЕНИ ВИДИ, го организираа проектот ЖАПЧИЊА 2020-онлајн стрим карван на детски претстави за деца со посебни потреби.

Одиграни беа инклузивни, стрим претстави за најмладите ученици од ПОУ Иднина, Скопје, ПОУ Златан Сремец, Скопје, ПОУ Маца Овчарова, Велес и ПОУ Свети Климент Охридски, Ново Село.

Во претставите учествуваше актерската екипа составена од Елизабета Клинчаревска Младеновска, Душица Стојановска Настовска, Викторија Анѓушева, Симон Манасковски, Ѓорѓи Тодоровски-Трупче.

Проектот е поддржан од Министерството за култура.