Оди, зборува, се смее – првиот човечки робот претставен во Вашингтон

Оди, зборува, се смее - првиот човечки робот претставен во ВашингтонПрвиот „бионичен“ човек во светот кој оди, зборува и целосно е направен од синтетички делови беше претставен во Вашингтон. Роботот со човечко лице е конструиран од лондонската фирма “„Shadow Robot Co”, како вистинска иновација во развојот на бионичните телесни делови и вештачки органи.

Бионичниот маж е висок 183 сантиметри и тежи 77 килограми. Роботот чини 1 милион долари и е направен од 28 вештачки телесни делови , меѓу кои панкреас , бели дробови , слезина и циркулаторниот систем – повеќето од нив сеуште како ран прототип.

Лицето на бионичниот маж е моделирано по тоа на д- р Бертолт Мајер , социјален психолог од Универзитетот во Цирих , кој е роден без долниот дел на едната рака и се потпира на вештачки екстремитет.

Бионичниот маж се контролира далечински од компјутер , а движењата на екстремитетите му се управува преку безжични врски . Интелектот сепак му е ограничен со компјутерска програма за разговор , слична на гласовниот асистент Siri на Apple .

Роботот е програмиран со личноста на 13-годишно момче од Украина , па од него не треба да се очекуваат големи комуникациски вештини , објаснува Роберт Варбуртон, еден од дизајнерите од лондонската фирма. Оние што имаат желба, тоботот ќе може да го видат во текот на есента во поставката на Музејот во Вашингтон(Washington’s Air and Space Museum).

Извор