ОДАС: Учениците со предлози за подобрување на образованието креираа Декларација на средношколците во РСМ

На првиот Национален средношколски самит кој се одржа на 1 октомври годинава и на кој присуствуваа ученици и претставници од училишта во земјава беше направена Декларација на средношколците во Република Северна Македонија.

„На самитот присуствуваа ученици и претставници на речиси сите училишта во државата и тие јасно покажаа дека сакаат да бидат активни, а не пасивни учесници во образовниот систем. Средношколците сакаат да бидат консултирани за нивните потреби и нивното мислење да биде слушнато. Притоа ги искажаа нивните предлог-решенија кои се дел од оваа Декларација“, велат од „ОДАС – Организација за дијалог и афирмација на средношколците“ кои се организатори на самитот.

Фото: ОДАС

Оттаму ги повикуваат сите средношколци, професори во средни училишта и родители на средношколци да ја потпишат Декларацијата на средношколците.

„Ги покануваме сите да ја потпишат Декларацијата за заедно да го подобриме образовниот систем и да бидеме #вочекорсогенерацијата“, порачуваат од ОДАС.

Декларацијата е достапна тука, а може да се потпише тука.