Од утре помош за поплавите ќе може да се донира и во поштите

Македонска пошта од утре до 31 август ги отвора своите единици на поштенска мрежа за собирање хуманитарна помош за настраданите подрачја во скопскиот регион.

Помошта во конзервирана храна, бебешка храна и пелени, средства за лична хигиена и дезинфекција, хуманите граѓани може да ја остават во било која поштенска единица на Македонска пошта на целата територија на Република Македонија.

Од Македонски пошти посочуваат дека дистрибуцијата на хуманитарната помош ќе се изврши во соработка со Црвениот крст на Република Македонија.

Дополнително, правните субјекти и граѓани може да се вклучат и со обезбедување на парична помош со јавување на телефонскиот број 143 400 кон сите линии.