Од утре може да се пријави прекршување на гласачкото право кај Народниот правобранител

Граѓаните од утре ќе можат да пријавуваат било каква повреда на гласачкото право во канцеларијата на Народниот правобранител, на бесплатната телефонска линија 0800 54321, која ќе функционира од 8 до 16 часот.

Неправилности во изборниот период ќе може да се пријават и на денот на гласањето.

„По пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или снимената порака. Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права“, се вели во соопштението од Народниот правобранител.