Од утре купување алкохол во продавница само до 19 часот

Од утре купување алкохол во продавница само до 19 часотАлкохолните пијалоци од утре во трговските објекти повторно ќе се продаваат од шест до 19 часот, наместо до 21 часот.

Според законските одредби, продолженото време на продажба до 21 часот важи од мај до крајот на септември.

За оние кои нема да го почитуваат законското решение се предвидени санкции – забрана за вршење дејност во траење од седум или 15 дена, како и парична казна до 5.000 евра.

Од неодамна пивото поскапе за 3 до 8 денари од шише, а надлежните последното поскапување го правдаат со зголемените акцизи, кои почнаа да важат од 13 јули.