Од утре автобусите на ЈСП со нов возен ред – за викенд нема да сообраќаат

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП информира дека од утре (8 април) ќе има нови измени во возниот ред на јавниот превоз. Ова доаѓа по одлуката на Владата за продолжување на полицискиот час за сите граѓани од понеделник до петок од 16 до 5 часот наредниот ден, како и забраната за движење oд петок од 16 часот до 5 часот во понеделник

Јавниот превоз нема да функционира од петок (10 април) од 16 часот, до понеделник (13 април) до 5 часот.

Утре, пак, јавниот превоз ќе функционира од 5 часот, по саботен возен ред. Исклучок се линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе возат по редуциран делничен возен ред, информираат од ЈСП.

„Од четврток (9.04.2020 год), па секој работен ден сѐ до наредните измени, јавниот превоз ќе сообраќа од 5 до 9 часот и од 13 до 16 часот“, велат од ЈСП.

Подетално за режимот на возниот ред може да се провери на веб-страницата на ЈСП Скопје.