Michael Grab е уметник кој создава прекрасни структури од балансирачки камења кои се чини дека ги кршат сите закони на физиката. Овие речиси неверојатни структури бараат силна концентрација и фокус. Во видеото на крајот од галеријата, се гледа како уметникот минува неколку минути речиси смрзнат, додека прави фини прилагодувања за да го најде вистинскиот центар за поставување на каменот.
„Изминатите неколку години преку практикување на техниката на балансирање на камењата, љубопитноста едноставно еволуираше во терапевтски ритуал, негување на медитативното присуство, менталната благосостојба и уметноста на дизајнот,“истакнува Grab.
Извор: Boredpanda