Во јули, се очекува да пристигнат две двогрби камили во Зоолошката градина. По подолго време, граѓаните на Скопје повторно ќе може да ги видат овие животни.
Донација од Чешка и Словенија, камилите се од видот бактријан. Екипите на Зоолошката градина веќе го подготвуваат нивното живеалиште.
Зоолошката градина неодамна го отвори новото живеалиште за фламинга, а пред извесно време најави дека ќе биде дом и на арктички бели волци.
Според најавата на Зоолошката градина, овие волци доаѓаат од зоолошките во Литванија и Германија и се редок и загрозен вид. На возраст се од околу една година и очекуваат во Скопје да пристигнат следниот месец.