„Од пријател до пријател“ – музичари од земјава и странство вечерва ќе одржат онлајн концерт

Група музичари од земјава и странство преку Фејсбук денеска од 19:30 часот ќе одржат мини концерт насловен „Од пријател до пријател“.

Иницијативата ја покрена вокалот на групата „Реквием“, Гого Георги Гавровски, со цел на публиката ширум Балканот и светот да им се пренесе позитивна порака преку песна и дружба, и да се докаже дека музичарите се тука за својата публика и во време на криза поради пандемијата на Ковид-19.

„Нашата публика ќе има можност да слушне многу познати екс ју и странски хитови отсвирени и отпеани во живо преку интернет во акустичен стил“, наведува организаторот.

Концертот ќе може да се проследи на Фејсбук профилот на Реквием. Во него се вклучиле музичари од земјава, но и од регионот Хрватска, Босна, Србија, како и од Германија и Америка.

Од земјава се вклучија музичарите Петар Младеновски од „Суперхикс“, Урош Вељковиќ, тапанарот на „Стил Темпл“, Жарко Јакимоски, вокалот на групата „Бекдор“.