Од народните библиотеки во Хонг Конг се повлекуваат книги кои промовираат демократија

Книгите каде се споменуваат продемократски теми се отстранети од народните библиотеки во Хонг Конг, во пресрет на новиот, контроверзен закон за безбедност.

Сите овие дела ќе бидат разгледувани за да се види дали тие го прекршуваат новиот закон, информираа надлежните органи кои ракводат со библиотеките. Законодавците сега таргетираат теми како отцепувањето, субверзијаta и тероризмот за кои се предвидени казни кои вклучуваат и доживотен затвор.

Противниците на законот велат дека ова ги еродира слободите на оваа територија, како полуавтономен регион на Кина. Пекинг ги отфрла овие тврдења.

Суверенитетот на Хонг Конг, кој беше предаден на Кина од страна на Велика Британија во 1997 година,  предвидува дека одредени права требаше да бидат загарантирани најмалку 50 години според договорот „една земја, два система“.

Откако законот за безбедност стапи во сила во вторникот, неколку водечки про-демократски активисти се повлекоа. Еден од нив, студентскиoт лидет Нејтан Лоу, избега од оваа територија.

Најмалку девет книги станаа недостапни или обележани како „под ревизија“ објави  весникот „Јужна Кина – утрински вести“. Овде се вклучени книгите чиј авторир или ко-автор е Џошуа Вонг, истакнат про-демократски активист и про-демократскиот политичар Тања Чан.

Во саботата, Вонг твитна дека новиот закон „наметнува режим на цензура“ на Хонг Конг, нарекувајќи го „еден чекор од … актуелното забранување на книгите“.

Пекинг ги отфрли критиките за новиот закон, велејќи дека е неопходно да се запрат масовните про-демократски протести, кои се организираа во Хонг Конг во текот на поголемиот дел од 2019 година, кои на моменти ескалираа и во насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата. Исто така ги отфрли критиките од западните нации дека Кина ги крши гаранциите за заштита на уникатните слободи на Хонг Конг, нарекувајќи ги мешање во нејзините внатрешни работи.