„Од кујната на Масин“ – изложба во Куќата на Уранија во Охрид

„Од кујната на Масин“ е насловена изложбата која ќе биде отворена вечерва (8 августво) во Куќата на Уранија, во Охрид.

На неа ќе бидат претставени триесетина керамички чинии кои сликарот Мирослав Масин ги има изработено кичевското село Вранешница. На секоја од чиниите тој има направено дополнителна интервенција со свои, препознатливи мотиви.

Отворањето на изложбата е најавено во 20 часот, а воведен збор ќе има Драги Филевски, раководител на ликовната колонија „Де Ниро“ во Битола.

Изложбата во Куќата на Уранија во Охрид ќе биде отворена до 18 август.