Од Ковид 19 почина 21 лице, регистрирани 565 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа oд ковид 19 починати се 21 лице. Шест пациенти се од Скопје (45,52, 63, 67, 68 и 84г), пет пациенти од Тетово (69, 73, 75, 69 и 83г), еден од Куманово (74г), двајца пациенти од Велес (83 и 89г), двајца од Богданци (75 и 85г) и по еден пациент од Битола (79г), Радовиш (71г), Прилеп (61г), Охрид (51г) и Штип (63г). Освен еден пациент кој е починат вон, сите други се починати во болнички услови.

Притоа се направени 1325 тестирања, а регистрирани се 565 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-230, Куманово-35, Штип-13, Прилеп-65, Тетово-39, Струга-1, Велес-27, Битола-15, Охрид-3, Кавадарци-10, Гостивар-27, Гевгелија-13, Струмица-17, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Крушево-3, Кочани-15, Пробиштип-3, Берово-5, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Кратово-6, Свети Николе-4, Кичево-3, Ресен-1, Неготино-9.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од: Скопје-58, Штип-7, Прилеп-9, Тетово-6, Струга-8, Велес-7, Битола-11, Охрид-11, Кавадарци-5, Гостивар-6, Струмица-9, Кочани-5, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Берово-1, Валандово-2, Виница-1, Свети Николе-2, Неготино-3.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 32997, бројката на оздравени пациенти е 21244, на починати е 1025, а бројот на активни случаи изнесува 10728.
Во Скопје има најмногу активни случаи 5042, во Куманово 466, Прилеп 565, Тетово 636, Велес 438, Струмица 568.

Направените 1325 теста се преку: ИЈЗ-610, ЦЈЗ Скопје-60, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -156, Жан Митрев (Филип Втори) -181, Систина со PCR метода -141, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-20, Инфективна клиника-15, ГАК-0, Синлаб-43, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-99, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 253.173 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 161 пациенти. На кислородна поддршка се 128 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 10 позитивни и 2 суспектни деца на Ковид-19 и 19 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 10 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 61, а во болницата во Штип се 51 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 351 позитивни и сомнителни на Ковид-19.