„Од ѓубре до уметничко дело” – настан на младите креативци од Струга

Со цел да се  и да се поттикнат младите да ги развиваат своите креативни идеи за искористување на отпадот и од него да направат уметнички дела и функционални производи, мината седмица во Струга се одржа настанот „Од ѓубре до уметничко дело.

Во Основно училиште „Браќа Миладиновци“ членовите на Медиа/Арт клубот од Струга организираа работилници за младите на тема реупотреблив дизајн. На нив се промовираше алатката реупотреблив дизајн, се развиваа идеите и младите ги изработуваа креативните производи.

Во продолжение на настанот беше организирана изложба од овие дела, како и на производите произлезени од имплементацијата на целиот курикулум на Медиа/арт клубот од Струга за оваа година (документарен филм, улична уметност и реупотреблив дизајн), по што следеше дискусија.

Присутни на настанот беа триесетина младинци кои уживаа во понудената содржина.  Во изминатиот двомесечен период април- мај младите креативци, членови на МОФ Медиа/Арт клубот – Струга, поминаа низ цел процес на едукација за реупотреблив дизајн и имаа можност да се запознаат со Paper-mache техниката, како и со Trash art и Trash sculpture техниките.